Ѕвездениот Холивуд на 68 – то доделување на „Тони“ наградите на Бродвеј!

9 јуни 2014

Прекрасниот Њујорк вчеравечер беше домаќин на 68 – то издание на филмските награди „Тони“ каде се појавија некои од најголемите холивудски ѕвезди во одлични впечатливи изданија.

На годинешната церемонија, „Тони“ награда за најдобар мјузикл освои одличниот „A Gentleman’s Guide to Love & Murder“, а неверојатно талентираната американска актерка и пејачка Одра Мекдоналд ги сруши сите рекорди со освојување на нејзината шеста награда за најдобра актерка во претстава, а фасцинантниот Брајан Кренстон најпознат по улогата на Mr.White, дома си замина со наградата за најдобар актер во престава во маестралната „All the way“.

Највпечатлив без приговор, вчеравечер беше неверојатниот Хју Џекман кој приреди одлично шоу во кое играше, танцуваше и што уште не, и беше дел од водителскиот тим, нешто што на Бродвеј не му е непознато, со оглед на тоа што тој се појавува како водител на „Тони“ наградите уште од 2005 година.

Феноменалниот Нил Патрик Харис ја освои наградата за најдобар актер во мјузикл за „Hedwig and the Angry Inch“, а за најдобра бродвејска престава беше прогласена „All the way“.

Во однос на стајлинзите, вчеравечер во Њујорк имаше навистина што да се види. Новите младенци Лејтон Мистер и шармантниот Адам Броди беа најфотографираните на црвениот килим, во одлична црно – бела комбинација во која и двајцата изгледаа подеднакво прекрасно.

Прекрасна во црно беше и одличната актерка Вера Фармига, но и младата и шармантна Кејт Мара која на црвениот килим се појави во црна светкава варијанта со нагласена шминка на очите.

Вера Фармига Вера Фармига

 

Сосема младешки и нежно изгледаше и талентираната Меги Џиленхал која на црвениот килим пристигна во нежен, бел фустан со пердуви, а дефинитивно голем печат на вечерта оставија и мажите кои беа подеднакво елегантни претежно во црни костуми со црни пеперутка машни.

Погледнете како изгледаше ѕвездената ноќ во Њујорк.

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Сцена