Ѕвездите блеснаа на доделувањето на Ел наградите во Лондон

19 февруари 2014

Церемонијата на доделување на годишните награди на магазинот Ел за најдобар стил не случајно беше одржана на последниот ден од лондонската модна недела: многу модни инсајдери со задоволство ја прифатија поканата на британскиот магазин.

Веќе денеска, сите се упатија кон Милано, каде продолжува маратонот на ревии, но вчеравечер буквално сите блеснаа во своите најдобри изданија.

Наградата за најдобар интернационален музичар ја доби Фарел Вилијамс, а му ја додели Кара Делевињ. Наградата за Ел модел на годината отиде во рацете на Суки Ватерхаус, која на доделувањето на наградите се појави во тренди црн комбинезон со златен ремен.

 

За дизајнер на годината беше прогласен Кристофер Кејн, а за современ дизајнер, одличната Изабел Марант која годинава имаше неверојатно успешна соработка со H & M.

Младата актерка Ема Вотсон изгледаше прекрасно во фустан на Џамбатиста Вали кога и беше врачена и наградата за актерка на годината. Кејти Пери беше прогласена за жена на годината, а шармантната Лили Ален за најдобар женски изведувач.

Објавено:
19 февруари 2014
Категорија: 
Сцена