Ѕвездите блеснаа на традиционалниот Оскаровски ручек

9 февруари 2016

Беверли Хилтон хотелот беше местото каде вчера се собраа сите номинирани за годинешното издание на Оскарите на свечениот ручек што се одржува традиционално секоја година. 

На само три недели пред официјалниот настан и покрај сите контроверзии околу „белите Оскари“, на ручекот се собраа некои од најголемите ѕвезди на денешницата. 

Меѓу нив беше и прекрасната нова миленичка на Холивуд, Алиша Викандер која е номинирана за најдобра актерка во споредна улога за нејзината работа во „Девојката од Данска“. 

Подеднакво прекрасна беше и Рејчел Мекадамс која за овој настан се одлучи за кус светкав фустан во нежна розова боја, украсен со црвена панделка и камења во горниот дел. 

За разлика од нив, Џенифер Лоренс се одлучи за целосно црн костим во кој изгледаше навистина женствено со нагласена половина со ремен. 

Вистинска убавица во бело беше и актерката Руни Мара која се појави во кусо фустанче украсено со цветни апликации во претежно розова боја. Подеднакво прекрасна беше и новата холивудска надеж Бри Ларсон која изгледаше неодоливо во друштво на малиот и шармантен Џејкоб Тремблеј. 

По спектакуларниот настап на Super Bowl, Лејди Гага најде време да се појави и на Оскаровскиот ручек на кој изгледаше навистина прекрасно во долга крем тоалета со отворен грб и нежна фризура и шминка. 

На ручекот се појави и еден од најголемите фаворити годинава во кој целиот свет има огромна надеж за победа. 

Нормално, станува збор за единствениот Леонардо ДиКаприо кој изгледаше совршено во сив костим позирајќи заедно со големиот Алехандро Инариту. 

Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите фотографии од свечениот ручек.

Објавено:
9 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
863 пати