За неколку дена светот ќе ја дочека првата епизода од последната сезона од „Game of Thrones“, а единствено ѕвездите имаа можност истата да ја погледнат порано на предвременото прикажување во Њујорк.

Time magazine

На црвениот килим во Radio City Music Hall се појави целата актерска екипа од серијата, па дури и оние на кои им кажавме „збогум“ во некоја од сезоните.

Прекрасна во син фустан на Валентино беше секогаш позитивната Емилија Кларк која во серијата го толкува ликот на Мајката на змејовите, Калиси.

Насмеана и видно расположена како и секогаш, таа блескаше на црвениот килим позирајќи за огромниот број фоторепортери кои дојдоа на настанот.

Подеднакво шармантна беше и младата Софи Тарнер која за настанот одбра кусо црно фустанче со сребрени детали и впечатлива шминка со нагласени очи.

Подеднакво впечатлива беше и популарната актерка Мејси Вилијамс која за прикажувањето на последната сезона одбра долг фустан со карнери украсен со цветни детали.

На црвениот килим во црн костим со ролка во иста боја пристигна омилениот Кит Харингтон со неговата сопруга Роуз Лесли која изгледаше прекрасно во црвена раскошна креација.

Дека и ѕвездите од Балканот се големи обожаватели на серијата докажа и хрватската пејачка Северина која на настанот се појави со нејзиниот сопруг Игор Којиќ, а успеа и да се фотографира со некои од нејголемите ѕвезди од серијата.

Како и секогаш, таа изгледаше неверојатно во мини златно фустанче со совршена шминка и фризура, златни чевли и шик чантичка.

Погледнете како помина премиерата на осмата и последна сезона од мега популарната серија.

Фото: Getty Images, Shutterstock, Time Magazine, Wire Images

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.053 пати