Ѕвездите на магичната забава на P&G и Вог во Милано

22 септември 2013

Со ѕвезди како Блејк Лајвли, Оливиа Палермо, Кејт Бланшет, Џејмс Франко и многу други, се одржа една од најдобрите забави на миланската модна недела.

Нормално, кога силите ќе ги спојат два бренда како P&G Prestige и Вог Италија, повеќе од јасно е дека забавата ќе биде загарантирана.

Blake Lively

Истата се одржа во палатата Casa degli Atellani, надополнета со прекрасни скулптури, цвеќиња и секако неверојатните креации на гостите.

Покрај оваа забава, Милано вчеравечер имаше многу што да види. Забава се одржа и по повод отворањето на новата продавница на Стјуарт Вајтцман како и на отворањето на новиот ресторан на Dsquared, а погледнете кои се ѕвезди присуствуваа на лудите милански забави.

Објавено:
22 септември 2013
Категорија: 
Сцена