Ѕвездите се собраа во Париз

6 декември 2014

Најголемиот бутик Longchamp ги отвори своите врати за сите обожаватели и гости и вчеравечер заблеска во градот на светлината – Париз. На познатата авенија  Champs Elysees, во новата модна куќа се собраа голем број пријатели, познаници и славни личности кои дојдоа специјално за да го испочитуваат семејството Касегренов.

Мелани Лорен, Лени Кравиц и Одри Тату Мелани Лорен, Лени Кравиц и Одри Тату

И додека руската престолнина – Москва пулсираше во претпразничен ритам на Божиќниот коктел кој го организираше британската дизајнерка Стела Мекартни, во Париз за да го прослават отворањето на новата продавница се собраа голем број познати личности, меѓу кои супермоделот Кејт Мос која носеше црн транспарентен коктел фустан и црно сако, Алекса Чанг која беше во улога на диџеј задолжена за добрата забава на гостите. Особено изненади појавата на музичарот Лени Кравиц,  кој толпата фоторепортери не престана да го фотографира. Пејачот доследен на својот стил се појави во кожени црни панталони, кошула со дезен од бели точки, кожена кафена јакна, плетена капа и очила за сонце.

Алекса Чанг и Каролин де Магрет Алекса Чанг и Каролин де Магрет

Имено, компанијата Longchamp е во сопственост на семејството Касегренов, а веќе неколку генерации  на еден суптилен и непосреден начин ја освежува светската модна сцена.

Кејт Мос Кејт Мос

Алекса Чанг и Џек Гинис Алекса Чанг и Џек Гинис

Алекса Чанг Алекса Чанг

Одри Тату Одри Тату

Гилермо Канет и Лени Кравиц Гилермо Канет и Лени Кравиц

Лени Кравиц Лени Кравиц

Паскал Елбе и Фредерик Бегбедер Паскал Елбе и Фредерик Бегбедер

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
6 декември 2014
Категорија: 
Сцена