Фестивалот на кој сите долго чекаа - Коачела 2016 конечно започна овој викенд во сончевата Калифорнија, а сосема очекувано ѕвездите ги одбраа најубавите бохо комбинации за првиот викенд.

Алесандра Амбросио

Како и секоја година, најголем впечаток оставија супермоделите кои оваа година обраа одлични бохо комбинации за кои знаевме дека ќе предизвикаат најголемо внимание.

Кендал Џенер

Првиот викенд од фестивалот во своите најдобри изданија се појавија популарните Алесандра Амбросио, Кендал и Кајли Џенер, Бела Хадид, Попи Делевињ, Карли Клос, Тејлор Свифт и многу други.

Карли Клос

Она што дефинитивно остави најголем впечаток кога се модните трендови во прашање, беа тесните ланчиња за на врат за кои веќе знаеме дека ќе бидат вистински хит сезонава што доаѓа.

Вистинско изненадување на фестивалот беше Тејлор Свифт која се појави со новата, руса боја на косата со која впрочем можеме да ја видиме и на насловната на модната библија Вог.

Кога сме кај изненадувањата, во настапите на големите музички имиња како Guns ‘N' Roses заеднички уживаа Ријана и Леонардо Ди Каприо по што веднаш почнаа да кружат гласини дека тие се можеби новата ѕвездена двојка.

Во текот на целиот викенд социјалните мрежи беа преполни со фотографии од познатите на бројните забави и настапи од првиот викенд на најпосетениот фестивал на светот, а во продолжение можете да погледнете и дел од нив.

Објавено:
18 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.378 пати