Една милијарда луѓе ја гледаа првата епизода од последната сезона на „Игра на престоли“

15 април 2019

Предупредување за сите оние кои не ја гледале епизодата: Следуваат „спојлери“.

Првата епизода од последната сезона на една од најпопуларните серии било кога направени „Игра на престоли“ премиерно беше емитувана вчеравечер на HBO, а истата ја гледале повеќе од една милијарда луѓе.

Очекувано, за премиерата на епизодата биле организирани бројни забави ширум светот, а обожавателите на серијата велат дека епизодата била повеќе од возбудлива.

Имено, во истата Џон Сноу конечно ја дознава вистина за неговото потекло, а друг важен момент е тоа што и покрај вистината дека Калиси му е тетка, тој ќе ја продолжи романсата со кралицата на змејовите.

Покрај ова, во првата епизода има уште многу интересни моменти, а обожавателите пишуваат дека имало и голем број емотивни сцени меѓу кои и онаа кога Ариа и Џон Сноу повторно ќе се најдат.

Во осмата сезона се сместени шест епизоди, а последните четири ќе бидат емитувани заедно во времетраење од повеќе од еден час.

Како и секогаш, Твитер корисниците ја искористија премиерата на епизодата и сè она што се случуваше во истата за супер интересни „мемиња“, особено за оној дел кога Џон Сноу ја дознава вистината.

Дали вие ја гледавте спектакуларната епизода?

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.090 пати