Едноставен, а маркантен-Џастин Тимберлејк

18 октомври 2013

Од тинејџерска атракција со русо обоена коса со кадрици, до заводлива машка модна икона. Џастин Тимберлејк едноставно низ годините се промени во целост. Додека беше член на групата Н’ синг стана миленик на девојчињата, препознатлив по војничките широки панталони, кадрава коса и марама врзана како пират.

Иако тогаш и не беше баш за пофалба околу изборот на гардероба, тој и тогаш оставаше впечаток што и да има на себе. Како и секоја ѕвезда Џастин еволуираше во однос на стилот низ годините, тој ја задржа својата препознатливост, но сепак направи драстични промени во имиџот кои тотално го променија, а го направија и еден од најпосакуваните мажи. Во 2011 година од магазинот Instyle тој беше избран за најдобро облечен маж на годината, за потоа да ја лансира и сопствената линија на облека.

 

Сега Џастин освен модна е и секс икона. Неговиот стил може да се опише како панк-рок, но во исто време и спортско-класичен. Иако секогаш има на себе едноставни парчиња тој умее многу вешто да ги искомбинира и да поседува маркантност како никој друг. Од аксесоарите задолжителни му се  шапките во разни варијанти, ѓерданите, алките и обетките. Најчесто носи мото јакна комбинирана со спортска кошула во интересен принт, лежерна маичка, тесни фармерки и џинс јакни. Сепак, тој преферира да носи и костими и тоа триделни задолжително со елек. Едноставно секој модел одлично му прилега, а во продолжение потсетете се како изгледаше некогаш а како сега.

Објавено:
18 октомври 2013
Категорија: 
Сцена