Едноставно и весело: Нови фотографии од свадбата на The Rock

2 септември 2019

Актерот Двејн Џонсон или како што повеќето го знаат - The Rock, пред две недели на својот Инстаграм профил објави дека стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Лорен.

Инаку, тој и Лорен се заедно од 2007 година, а ги имаат и ќерките Тиана (1) и Јасмин(3). Џонсон има уште една ќерка, Симон (18) со поранешната сопруга и бизни партнер, Дени Гарсија.

Тогаш изјави дека сакале веселбата да биде интимна, во кругот на семејството и далеку од очите на јавноста. Сега пак, одлучи да сподели уште неколку фотографии на кои се гледа дел од атмосферата и амбиентот.

Весело и едноставно се зборовите со кои би можело да се опише ова нивно славје. 

„Го сакаме нашето семејство. Ви благодариме што на денот на нашата венчавка ни ги дадовте вашите срца, љубов и поддршка. Ни значеше многу!“, вели во една од објавите и додава:

„Нашата хавајска венчавка беше прекрасна и сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што учествуваа, за нивната неверојатна работа. Да се задржи приватноста, што за мене беше цел број 1, без да бидат најмени планери за свадба или надворешни ресурси. Сè што гледате беше направено рачно, од луѓето најмени за тоа и семејството. Крајниот резултат беше неверојатен и Лорен и јас ќе ви бидеме засекогаш благодарни што ни помогнавте нашите срца да пеат на овој ден“.

Погледнете:

 

 

Објавено:
2 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
592 пати