Во 1989 – тата магазинот „Тајм“ ја нарече Ел Макферсон „The body“, а се чини дека низ годините таа само го потврдува дадениот епитет.
Прекрасната австралиска манекенка е во Сиднеј каде снима фотосесија, а деновиве излегоа и првите неофицијални фотографии.
На истите можеме да ја видиме во црн косим за капење што го комбинираше со стилски џемпер со принт, во супер расположение со нејзините двајца синови.
Она што е и повеќе од видливо е дека таа изгледа неверојатно и на 54 години и дека сè уште важи за една од најзгодните манекенки во светот.
Иако на дел од фотографиите можат да се забележат знаци на стареење, манекенката и во шестата деценија од животот изгледа навистина сензационално.
Фотосесијата беше снимена на прекрасно место во Сиднеј, а за потребите на истата манекенката мораше да весла на даска за сурфање заедно со нејзините синови кои дефинитивно ја наследиле убавината од нивната мајка.
Претходно, таа носеше стилска комбинација составена од куси панталони со животински принт, кошула на пруги и карирано елече и повторно изгледаше неверојатно.
Манекенката има два сина од бракот со францускиот бизнисмен Арпад Бусон – Флин, 21 и Сај, 16 години.
Инфо и фото: Daily Mail