Елегантна вечерна викенд комбинација по терк на Викторија Бекам

11 јули 2020

Низ годините на сцена, а особено откако ја започна својата модна империја, Викторија Бекам перманентно го прочистуваше својот стил и дојде до фаза каде го пронајде својот дизајнерски идентитет – минимализам, елеганција и нота на женственост.

И самата ја применува оваа естетика во нејзиниот личен стил, исто колку што е застапена и во нејзиниот, веќе препознатлив, моден израз.

Во тој контекст, ви споделуваме вечерна викенд комбинација по нејзин предлог, објавена на нејзиниот Инстаграм профил.

Се работи за аутфит од актуелната, пролет-лето колекција. Црна кошула во широк крој со V израз и бели панталони со лежерени, широки ногавици и половина нагласена со тенок ремен. Толку едноставно, а толку совршено и безвременско.

Фото: Инстаграм

Објавено:
11 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
444 пати