Елегантна во секоја прилика – летниот стил на прекрасната Кејт Босворт
•
28 јуни 2019
Племенита и со својата вонземска појава, убавата холивудска актерка Кејт Босворт секогаш е интересна за медиумите и јавноста.
Покрај природната убавина, има изградено и високоизострен сенс за мода, па во нејзинот стил ретко се случува утка.
Затоа решивме да направиме преглед на нејзините, секогаш елегантни и ултра модерни комбинации, овојпат со акцент на летната сезона.
Кејт бира ненаметливи парчиња, но секогаш исклучително естетски, надополнувајќи ги со отмени детали или модни додатоци.
Неутралните нијанси, минималистичките кроеви и стариот холивудски шарм, често ќе ги препознаете во нејзиниот имиџ.
Фото: Пинтересет