Елена Ристеска на официјалниот профил на Fenty Beauty by Rihanna

10 септември 2019

Популарната македонска пејачка Елена Ристеска се најде на официјалниот профил на Инстаграм на козметичката линија Fenty Beauty во сопственост на планетарно познатата музичка дива Ријана.

„Кога ќе те прашаат како твојата кожа изгледа толку добро“, беше натписот со кој пејачката им ја претстави Елена Ристеска на нејзините осум милиони следбеници, нашминкана со производите на компанијата на Ријана.

Како и секогаш, и овојпат пејачката беше нашминкана од познатиот мејк ап артист Даниел Николовски со кого соработува најголем дел од нејзината кариера.

Ристеска на фотографијата изгледа одлично, со шминка во претежно земјени тонови и со нагласени очи по што е и позната.

Фотографијата наиде на позитивни коментари од следбениците на Ријана, а за кратко време доби повеќе од 16.000 лајкови.

Козметичката компанија Fenty Beauty Ријана ја лансираше во септември 2017 – тата година, а за кратко време стана една од најпопуларните во светот со производи што одговараат на сечиј тип на кожа.

Токму Fenty Beauty беше прогласена за најдобро откритие од Time магазинот во 2017 – тата година, а оттогаш компанијата ја зголеми палетата на бои од 40 на 50 што наиде на огромно воодушевување на обожавателите ширум светот.

Фото: Fenty Beauty/Instagram

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.177 пати