Емотивната средба на Ед Ширан со болно девојче кое го обожува

17 ноември 2016

Мајката на деветгодишната Мелоди Дрискол која долги години страда од синдромот Rett и низа други болести сакала да и ја исполни најголемата желба на нејзината ќерка и успеала во тоа.

Имено, малата Мелоди постојано е во болница поради сериозните нервни нарушувања од кои страда со години.

„Мелоди беше во болница 562 дена и секогаш кога имаше болки и го пуштавме Ед Ширан кој дефинитивно и помагаше во болните периоди. Тоа беше единствената работа со која можевме да ја насмееме барем малку“, вели нејзината мајка Катрина Дрискол.

Откако видела колку нејзината ќерка го сака пејачот таа започнала кампања чија цел била да го донесе пејачот во болницата за тој да помине некое време со Мелоди.

„Направивме видео во кое го замоливме Ед ако може да одвои малку време за Мелоди и да дојде да ја посети. Кратко откако го објавивме тој се појави на вратата“, додава Катрина, појаснувајќи дека интервенцијата на тамошната полиција многу помогнала во тоа.

„Бев навистина импресионирана бидејќи тој немаше камери со него, немаше обезбедување, немаше луѓе. Дојде сосема сам и ја исполни желбата на Мелоди“, вели нејзината мајка.

Таа додава дека тој се однесувал толку убаво со Мелоди воопшто не забележувајќи ги сите апарати на кои таа е приклучена за да ја одржуваат во живот.

„Успеавме да и оствариме барем една желба. Пресреќна сум што таа беше среќна барем за момент“, вели нејзината мајка.

Катрина посочува дека му го должи животот на пејачот. Неверојатно е колку голема работа тој направил за Мелоди.

„Во неколку наврати таа престана да се бори кога беше многу болна и мислевме дека ќе ја изгубиме. Преку музиката на Ед таа се врати во живот. Чуда навистина се случуваат, само мора да продолжите да се борите за нив“.

Погледнете го емотивното видео во кое пејачот и пее песна на Мелоди свирејќи на нејзината слатка гитара.

Објавено:
17 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
243 пати