Ен Хатавеј: Љубовта на сопругот ме смени!

15 март 2017

Априлското издание на магазинот „Ел“ за американскиот пазар го краси насловната страна со Ен Хатавеј.

 Покрај фотографиите, она што уште повеќе го привлече вниманието на јавноста е интервјуто, во кое зборува за родителството, сопругот и снимањето на „Осумте на Оушн“.

Инаку, таа неодамна, на конференцијата на Обединетите нации по повод Меѓународниот ден на жената, зборуваше и за породилното отсуство во САД, кое треба да биде платено.

-Кога го родив Џонатан, не ми се веруваше дека немаме платено породилно, не бев ни информирана претходно за тоа. Џонатан беше само една недела стар, го држев во раце и бев на седмо небо од возбуда, и си помислив „Мајчинската вина е измислена будалаштина“. Се охрабруваме да се судиме меѓусебно, но всушност треба да го смениме фокусот и да го насочиме кон луѓето и институциите кои треба да нè поддржуваат, а во моментов не го прават тоа – објаснува актерката.

првата фотографија од Џонатан што актерката ја сподели со јавноста

Инаку, Хатавеј  наредните четири години, како Амбасадор на добрата волја на Обединетите Нации ќе се насочи кон правење промени токму на политиката на породилното отсуство, вклучено со правен застапник по ова прашање.

САД во моментов нуди само 12 недели неплатено породилно отсуство за мајките.

-Не знам како се очекува од нас и од секој родител во Америка да се врати во нормала после три месеци без приходи – додава Ен.

Во интервјуто се осврнува и на тоа колку сопругот Адам Шулман ѝ отворил нови видици.

-Тој го смени мојот комфортизам во светот во кој живеам. Мислам дека во јавноста денес е прифатеното мислењето дека на нас, жените, не ни требаат никој. Но, мене ми е потребен мојот сопруг. Неговата уникатна и специфична љубов ме смени – открива актерката.

Таа во моментов работи на римејкот на „Осумината на Оушн“ – „Осумте на Оушн“, со комплетно женска актерка екипа во главните улоги.

-Холивуд не е место каде има еднаквост. Не го кажувам ова со лутина или осуда, тоа е статистички факт. И иако сум била дел од некои филмови кои во центарот на вниманието ја ставаат жената, никогаш не сум била во филм каков што е овој. На некој начин те прави свесен за начините на кои ти безусловно се менуваш себеси, за да „одговараш“ на некои сценарио. Нема подобро или полошо, правилно или погрешно, но постојат одредени работи што ги разбираш за другиот, поради заедничкото искуство...Со самото тоа што сум на сет каде што имам такво олеснување, е навистина нешто посебно. Тоа е убава алтернативна приказна – објаснува актерката.

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
600 пати