Филмот „Ѓаволот носи Прада“ е снимен во 2006 година, но и после 15 години предизвикува внимание. Тоа е едно од оние остварувања што на актерката Ен Хатавеј ѝ донесоа светска популарност, но како откри неодамна, таа воопшто не била првиот избор за улогата на Енди.
„Јас бев деветти избор за улогата во „Ѓаволот носи Прада“, но ја добив! Затоа, никогаш не откажувајте се. Морав да бидам трпелива“, порача актерката, која во една друга пригода откри дека дури и ги испишала зборовите „земете ме“ во песокот во дворот на градината во рамки на зградата каде што извршниот директор имал состанок, со цел да го привлече вниманието .
Инаку, прв избор била Рејчел Мекадамс, која во тоа време има огромна популарност поради успехот со филмовите „Notebook“ и „Mean Girls“, но наводно, ја одбила улогата.
Во една пригода, запрашана зошто одбила таква улога, за магазинот „Ел“ ќе изјави: „Нема да снимам филмови само за да снимам нешто. Мора да има страст. А во исто време, умеам често да се чувствувам расеано додека работам, па затоа често сакам да му се навраќам и на мојот живот“.
Покрај неа, на аудицијата биле и Клер Дејнс и Џулиет Левис.
Џулиет Луис
Клер Дејнс