Есенска инспирација: Џеј Ло во кожен фустан на премиерата на „Hustlers“ во Беверли Хилс

26 август 2019

Во Беверли Хилс викендов се одржа премиерата на филмот „Hustlers“, а вниманието повторно успеа да го сврти Џенифер Лопез.

Таа се појави во фанстатична комбинација, која дефинитивно може да послужи како инспирација за претстојната сезона.

Џеј Ло на црвениот килим носеше кожен фустан со широко здолниште и нагласен струк во бордо нијанса. Креацијата ја комплетираше со беретка од истиот материјал и во истата боја, а зад кои се потпишува брендот „Зимерман“,  како и златни салонки и златен накит.

@couturevision

Но, освен одличниот дамски стајлинг, вниманието на медиумите, но и јавноста го привлекоа и фотографиите, кои не се средени во фотошоп и на кои се гледа како Џенифер Лопез се испотила. И додека едни сметаат дека овој пропуст не смеел да се случи, други сметаат дека ова само ја покажува човечката страна на ѕвездите. 

На премиерата присуствуваа и останатата актерска екипа, од која е дел и Карди Би, која остана доследна на својот еклектичен и ексцентричен стил. 

Интересно е што дел од посетителите можеа и да се фотографираат со актерките.

Погледнете како изгледаа сите. 

За потсетување, премиерата на филмот е закажана за 13.септември.

@lilicole.endgam

 @lilicole.endgam

@lilicole.endgam

@lilicole.endgam

 

@lilicole.endgam

@lilicole.endgam

@lilicole.endgam

@lilicole.endgam

@lilicole.endgam

@jenniferlopezlife

@jenniferlopezlife

 

Објавено:
26 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.581 пати