Ешли Грам се фотографираше гола за „Elle“ додека го дои своето бебе

5 август 2020

Во интервју за магазинот „Elle" познатиот „plus size" модел Ешли Грам која неодамна се реализираше како мајка, разговара со својата пријателка, познатата актерка Кристен Бел.

Во разговорот таа открива со какви предизвици се соочила и сè уште се соочува како млад родител, без претходно искуство, во време на пандемија. Притоа потенцира дека сите промени што ги носи ова благородна состојба, треба да ги прифатиме како нешто убаво, свое и автентично, а особено да не се срамиме од сопственото тело. Ова е нејзина препознатлива кауза уште пред да стане мајка, како еден од најангажираните „plus size" модели чија мисија е да покаже дека убавината доаѓа во сите облици.

„Кога ќе ги погледнам моите нови стрии и сите промени низ кои поминува моето тело, ме потсетува дека како жени, сите ние сме супер херои. Секогаш потсетувам дека нашите тела се создадени за да го направат ова. Толку е убаво што ни е дадена можност да донесеме нов живот, но тоа не го сфатив се додека не го почувствував", вели во интервјуто Грам.

На овој разговор е надовразана и фотосесија во која најмногу внимание привлекува фотографијата на која младата мајка е фотографирана гола како го дои своето бебе.

Целото интервју пточитајте го на „Elle".

 

 

Објавено:
5 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.734 пати
Тагови: 
Ешли Грам