Ева Херцигова е цветна божица за магазинот Харпер Базар
•
24 февруари 2014
Чешкиот супермодел од 90 – тите Ева Херцигова очигледно не старее. Таа е девојката од насловната на мартовското издание на магазинот Харпер Базар и изгледа подобро од кога и да е.
Водителката на италијанското издание на шоуто Проект Писта за едиторијалот носи прекрасни цветни креации на Долче и Габана од колекцијата пролет/лето 2014.
Иако има 40 години, на сите фотографии таа изгледа одлично и едноставно блеска со нејзината насмевка од милион долари.
Во едиторијалот таа се појавува во прекрасни цветни фустани и во секси долна облека со беспрекорна шминка и фризура што одлично и прилега.
Погледнете го целиот едиторијал за мартовското издание на магазинот Харпер Базар.