Ева Херцигова е неодолива деловна жена во кампањата на Алтузара за Таргет

18 август 2014

Чешкиот супермодел, Ева Херцигова е заштитното лице на кампањата на Алтузара за Таргет.

Соработката помеѓу њујоршкиот дизајнер Џозеф Алтузара и ланецот на продавници, беше најавена уште во мај годинава, а резултираше со одлична линија на женствени и елегантни парчиња.

Херцигова изгледа неодоливо во црниот мантил со нагласена половина, здолништето со животински принт од питон како и сексапилниот црн фустан со деколтиран V израз и транспарентни ракави, сите во знакот на успешна и заводлива деловна жена.

Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на 14-ти септември, а истата ќе може да се купи и преку онлајн продавницата Net-a-Porter.

 

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Сцена