Ева Херцигова е жената за која времето стои во место

26 декември 2013

Можеби на 10-ти март ќе полни 40 години, но чешката манекенка Ева Херцигова е жена  моден камелеон кој се приспособува кон своите потреби да остане она што е, без драстични промени. Нејзината кариера почнува на само 16 години во касните 80-ти, кога стана заштитно лице за Wonderbra, а малку подоцна ја  снимаше и првата реклама за Гес. Потоа, стана ангел на комерцијалниот бренд за долна облека Викторија Сикрет, за понатаму да не престане убедливо да го држи врвот од бизнисот на својата манекенска кариера.

 

Луј Витон, Хуго Бос, Роберто Кавали, се само дел од модните куќи и дизајнери со кои Херцигова го освојуваше светот. Не постои наслова страна од модни магазини каде не се појавила, а не е за потфрлање и нејзиниот ангажман како актерка во неколку филмови. Но, кога би зборувале за нејзиниот стил и би го анализирале години наназад, таа едноставно секогаш е уникатна, софистицирана, не следи трендови, а секогаш изгледа модерно. Нејзини омилени парчиња се женствените фустани со длабоко деколте, но и мини здолништата што ги истакнуваат нејзините долги нозе и совршено тело. Кога ќе ги разгледате фотографиите од нејзините изгледи цели 13 години наназад, сигурно ќе забележите дека сите комбинации што ги има на себе се беспрекорни, а ниедно од нив не е демоде. Зошто?

 

Тоа е така зашто Херцигова пред се го нагласува сексапилот и женственоста, не ги следи трендовите и избира да носи безвременски парчиња. Од галеријата подолу уверете се дека оваа Чешињка е едноставно модна икона што никогаш не излегува од мода.

 

Објавено:
26 декември 2013
Категорија: 
Сцена