Ева Херцигова употребува водка за осветлување на косата

9 јануари 2014

Чешкиот супермодел Ева Херцигова признава дека користи водка како дел од нејзиниот арсенал на козметички производи со кои ја одржува својата убавина и на 40 години.

Таа вели дека рускиот магичен пијалок и помага да ја одржи русата боја на косата толку светла и со неверојатен сјај и свежина.

Одговарајќи на шпекулациите напишани во францускиот магазин Мери Клер дека таа е страстен обожавател на водка, Херцигова одговара:

„Мојата единствена дневна доза на водка е онаа што ја користам за да ја осветлам и освежам мојата руса коса и за ништо повеќе“, вели Ева, додавајќи дека тоа навистина делува.

Покрај оваа тајна за одржување на нејзината прекрасна коса, моделот има уште неколку не толку непознати.

„Никогаш не се изложувајте премногу на сонце, консумирајте многу вода, одмарајте и љубете“, ни посочува прекрасната Ева Херцигова.

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Сцена