Ева Лонгорија беспрекорно елегантна во син фустан на Global Gift Gala 2022

22 ноември 2022

Ева Лонгорија ги сврти сите погледи кон себе кога зачекори на црвениот тепих за време на церемонија Global Gift Gala 2022 што се одржа во саботата во хотелот Four Seasons George V во Париз, Франција.

Фото: celebmafia.com

Актерката (47) гледаше неверојатно елегантно во гламузорен пастелно син фустан долг до подот кој одлично ја истакнуваше нејзината фигура. Фустанот беше збогатен со сребрена мрежа од левата страна на фустанот и околу вратот, додека пак долгото парче ткаенина кое одеше од нејзиното деколте, преку нејзината десна рака, претставуваше впечатлив детаљ кој наликуваше на долг ракав.

Фото: celebmafia.com

Фото: celebmafia.com

Global Gift Gala е непрофитна организација која има за цел да создаде позитивно влијание врз животот на децата, жените и семејствата кои имаат потреба. Основана е во 2013 година од шпанската актерка, бизнисменка и филантроп Марија Браво.

Фото: celebmafia.com

Фото: celebmafia.com

Фото: celebmafia.com

Објавено:
22 ноември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
258 пати