Ева Лонгорија блесна во црн фустан од тантела

8 јуни 2013

Атрактивната актерка во Вашингтон неодамна ја доби наградата Dorothy I.Height  за расна рамноправност, а на доделувањето се појави во црн фустан од тантела со кој сите ги остави без здив.

Извршната директорка на организацијата, Дара Ричардсон – Херон, при врачувањето на наградата изјави:

-Во време кога жените претставуваат моќна растечка сила во американската култура и политика, драго ми е што на Ева Лонгорија ѝ ја врачуваме оваа награда за нејзиниот активизам, особено за залагањата жените да се поттикнат да ги остварат своите гласачки права- изјави Херон.

Со уредна фризура, дискретна шминка, сведен црн фустан со тантела и сандали, Ева изгледаше сосема прикладно за пригодата.

Објавено:
8 јуни 2013
Категорија: 
Сцена