Еве како изгледа новиот дом на Лејди Гага

24 октомври 2014

Поп ѕвездата Лејди Гага својот неконвенционален и екстравагантен моден вкус го имплементираше и во својот нов дом.

Кралицата на скандалите, пејачката Лејди Гага потроши дури 23 милиони долари на својата нова куќа во Малибу, Калифорнија. За куќата која има прекрасен поглед, но и одличен ентериер, надополнет со уникатни декоративни елементи беше задолжен архитектот Стив Џанети. Претходниот домаќин на ова гламурозно издание беше Дон Романели, основачот на Warner Brothers Worldwide Consumer Products Division.

Новата палата има пет спални соби, седум бањи, куглана, винска визба, базен наполнет со морска вода, тениски терен и кино сала.

Во продолжение погледнете ги ексклузивните фотографии кои сигурно ќе ви го одземат здивот.

 

Објавено:
24 октомври 2014
Категорија: 
Сцена