Еве како изгледал домот на Френк Синатра

16 декември 2013

 

Френк Синатра своевремено (1961-1972), со својата тогашна сопруга, американската актерка Миа Фароу, живеел во Њујорк во огромен апартман на два ката кој се простирал на 278 квадратни метри. По извесно време Френк, дуплексот му го продава на својот стоматолог, кој живеел во него се до 2008 година. Благодарејќи на тоа што стоматологот кој додека живеел во апартманот воопшто не го менувал внатрешното уредување, сега ја имаме ексклузивноста да го погледнеме оригиналниот ентериер.

 

 

Станот вклучува четири спални соби, шест бањи, а висината на таваните достигнува дури и до 5,5 метри. Двете тераси со поглед на Ист Ривер го одземаат здивот. Станот добива уште поголем ексклузивитет и луксуз доколку го додадеме и фактот дека токму тука како годти на познатиот музичар, често престојувале Џон Кенеди, Мерилин Монро и Енди Ворхол.

 

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Сцена