Еве кој ќе ги забавува Ангелите на Викторија

21 ноември 2014

moda-grazia-fashion-victoria-s-secret-2014-muzicki-gosti-01

Сите со нетрпение го очекуваме годишното шоу на Victoria’s Secret на 2.декември. Освен добропознатите ангели на Викторија, на пистата ја очекуваме и американката Тејлор Сфивт. Кога се музичките гости во прашање, освен Сфивт, Ангелите и сите оние што ќе го следат шоуто ќе ги забавуваат Аријана Гранде, Ед Ширан, како и Хозиер од Ирска, пренесуваат странските медиуми.

Во претходните години, за музичкиот дел беа задолжени Џастин Бибер, Џеј Зи, Канје Вест, Бруно Марс, Ријана , Maroon 5,  Ники Минаж, Ашер, Кети Пери..., па очекуваме и оваа година журката да биде  на високо ниво.

Објавено:
21 ноември 2014
Категорија: 
Сцена