Холивудската актерка Мила Кунис јавноста ја запозна во доцните 90-те како дел од ликовите во хит серијата That '70s Show.
Две децении подоцна Мила зад себе има одлични улоги во оскаровски филмови, а се оствари и на приватен план.
Заедно со сопругот, колегата актер Ештон Качер имаат две дечиња, а интересен е фактот што токму тој го играше нејзиното момче во хумористичната серија.
Кунис имаше одлични изведби во Black Swan заедно со Натали Портман, а ја видовме и во Friends with Benefits покрај Џастин Тимберлејк.
Таа беше дел од пролетната кампања на Диор во 2012, а минатата година магазинот Time ја прогласи за една од највлијателните жени во светот.
Како што еволуираше кариерата на Мила, така се менуваше и стилот.
Низ годините ја видовме во повеќе изданија, некои подобри од останатите, а еве како сето тоа изгледаше од 2003-та па наваму.
Фото:Elle/Getty