Евросонг 2021: Втората полуфинална вечер модно поинтересна, со неколку модни катастрофи

21 мај 2021

Втората полуфинална евровизиска вечер се одржа вчера. Слушнавме уште 16 претставници, кои се потрудија освен со песната, да остават впечаток и со изгледот.

Со исклучок на неколкумина, за кои не можевме да сфатиме баш каква е модната приказна која сакаат да ја раскажат.

Еве ги нашите впечатоци:

Сенит, Сан Марино

Ова можеби беше и највпечатливото парче што го видовме на евровизиската сцена годинава. Украсот за глава ја изврши својата функција, да го привлече вниманието на гледачот! Парчето што го носеше на домашниот избор е уште поимпозантно, а за двете инспирацијата била византиската иконографија, пред сè во религијата. Остатокот од настапот пејачката ја гледавме во шалвари и горен дел што вклучува црн кожен корсет, и ракави од плисе и пердуви, па можеме да кажеме дека ова беше еден од најинтересните и наши омилени стајлинзи, иако не сите елементи имаа складна поврзаност. Но, од друга страна, елекот што го носеше Flo Rida кој ја придружуваше на сцената, совршено се вклопи со нејзиниот црн стајлинг.

 

Уку, Естонија

Изгледот на естонскиот претставник беше и по малку холивудски. Во елегантни панталони, бела кошула и лежерно префрлена пеперушка, изгледаше како да настапува на забава после Оскарите. Не е некоја нова естетика, но тој го носеше на еден фраерски начин, па секако добива поени и за изгледот.

 

Бени Кристо, Република Чешка

Да не беше жолтата бомбер јакна со светки и голема црвена роза на левата страна, која ја носеше Бени Кристо, настапот на Чешка ќе беше многу здодевен. Стајлингот одговараше со ритамот на песната, неговата бланиширсна коса добро се вклопи во приказната.

 

Стефанија, Грција

Мора да признаеме дека Стефанија е мошне згодна и овој еластичен комбинезон совршено ѝ прилегаше. Чизмите беа во слична нијанса и со ист сјај како и трикото од кое е направен комбинезонот. Токму сјајот предизвика фин ефект на сцената, иако парчето само по себе е мошне едноставно, но одлично се вклопи и со остатокот од нивниот настап, кој вклучуваше и многу визуелни ефекти и проекции.

 

Винсент Буено, Австрија

Уште едно црно издание, кое беше надополнето со долго палто/мантил, збогатен со украсни камчиња за сценски ефект, што е сосема во ред за ваква манифестација. Не можеме да кажеме дека е нешто невидено и вау, но од друга страна, пак е поинтересно од грузискиот претставник.

 

RAFAŁ, Полска

Црно-белите комбинации се секогаш сигурна варијанта и ефектна на сцена, а токму ова беше избор на полскиот евровизиски претставник. Одела со ролка се одлична модна комбинација, но можеби не доволно интересна за сцена, но од модна гледна точка, сепак добро спакувано.

 

Наталија Гордиенко - Молдавија

Уште еден сребрен хибрид на костим од Бијонсе и уметничко лизгање носеше и претставничката на Молдавоја. На долги ракави, со V-израз и реси во здолништето, сребрениот костим имаше сепак сјани кристали кои убаво светкаа на сцената. Русата коса на Наталија Гордиенко беше со локни во стилот на Мерилин Монро.

 

Daði og Gagnamagnið - Исланд

Сценскиот настап на исландската група чие име е тешко да го изговорите, беше крајно забележлив. Во своите детски џемперчиња, со палетата на бои од 80-те, со оглед на песната, изгледаа незаинтересирано и прифатливо. По малку наликуваа и звучеа на MIKA или Scissor Sisters.

 

Hurricane- Србија

Ксенија, Сања и Ивана изгледаа светски и моќно на сцената воРотердам. Да бидеме искрени, нивниот стајлинг на срни костими од мрежа и мониста и високите црни чизми не бес ништо досега невидено и спектакуларно. Но, ураганките сами по себе се појава, а особено интересни ги прават различните бои на коса.

 

Торнике Кипиани, Грузија

Да, нема правила како да се појавите на евровизиската сцена, но сите се трудат да понудат некаква автентичност и магичност. Торнике се појави во џинс и широка кошула. Супер секојдневна комбинација, но не и многу интересна за сцена. Можеби па, токму на таков начин и сакал да го привлече вниманието?

 

Анџела Перистери - Албанија

Албанската претставничка Анџела Перистери на сцената се појави во уште еден од добро познатите сценски костими a la Beyonce. Сребрен, во форма на боди, со реси во горниот дел и кај колковите и чевли кои целосно му парираа на изгледот. Позитивен беше моментот на недостиг на разголено деколте, кој Анџела го заменила со крој на полуролка. Веќе видено и ништо спектакуларно, но солидно.

 

The Black Mamba, Португалија

Со совршено скроеното одело, сатенските ревери, белата кошула и елек, претставникот на Португалија покажа врвна естетика. Шапката и чевлите, кои нè однесоа во минатото, беа совршено надополнување. Но, облеката немаше да биде ништо повеќе од свечено црно одело, доколку тој не умееше да ја носи и да ѝ го даде најдобриот моден додаток – индивидуалноста. Токму затоа, овој негов изглед беше многу повпечатлив од некои други мажи на годинашното издание на Евросонг, чиј избор исто така беа одела.

 

Викторија, Бугарија

Бугарската претставничка изгледаше како да носи пижами на сцената. Но, со оглед на остатокот од сценографијата и песната, некако соодветствуваше на приказната и амбиентот, но и нè остави рамнодушни.

 

Blind Channel - Финска

Големи очекувања од Финците и немавме, кога е во прашање стајлингот. Групата Blind Channel се беше одлучиле за црни асиметрични oversize маици и хеланки или панталони и црни кошули. Соодветствено на музиката и настапот, но апсолутно ништо посебно!

 

Саманта, Латвија

Еден од повпечатливите изданија од втората полуфинална вечер. Зелениот фустан со реси, украсни камења и фантастичен горен дел, може да се набљудува и како парче на Висока мода! Изгледа елегантно, моќно и сценски. Од друга страна, футуристичкиот изглед и зелените визири на танчарите беа уште една причина повеќе да се гледа овој настап. Но, и покрај одличниот изглед на сцена, Саманта не успеа да обезбеди пласман во финалето.

 

Gjon's Tears - Швајцарија

Ако барате панталони со лош крој, тоа беа оние на швајцарскиот претставник. Го почитуваме изборот на бели патики, па дури и комбинирани со таа црна кошула со пуфкасти ракави и сребрени шари. Но, панталоните се тотална утка!

 

Fyr & Flamme - Данска

Белата рамбовка не е за на сцена дури да излезе и најубавиот, најзгоден, најталентиран пејач на светот. А никао пак не смее да се комбинира со кроп виолетово палто, особено кога имате инвестирано во меше! Големо НЕ! за изгледот на Данците.

 

Евровизија 2021: Прва полуфинална вечер - доминација на веќе видени костими

Објавено:
21 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.771 пати
Тагови: 
Евровизија мода