Фановите уништени по одлуката дека Реге Жан Пејџ не се враќа во Бриџертон

5 април 2021

Побарајте една добра причина, зошто некој би ја гледал втората сезона на серијата Бриџертон! 

До пред некој ден, една веројатно ќе беше актерот Реге Жан Пејџ и тоа ќе беше доволно. Но, во петокот, откако од продукциската куќа на авторката на серијата Шонда Рајмс (Вовед во Анатомија) Шондаленд објавија дека актерот нема да се врати во улогата на војводата од Хејстингс во втората сезона на Бриџертон, падна во вода и онаа единствена причина поради која се гледаше серијата. 

Да, можеби има интересна костимографија, но баш таа совршено и му стоеше на ваков фраер како што е Жан Пејџ. 

,,Веројатно завршив со гледање Бриџертон!", ,,Ова мора да е некоја првоаприлска шега нели?!", ,,Чекај, тогаш која е поентата на шоуто?!" - вака гласеа само дел од реакциите.

Реакцијата на Ким Кардашијан на Твитер гласеше: ,,Чекај! Што?!"

 

Фановите беа многу разочарани од ваквата одлука, а својот револт, изненадување и бродолом го искажаа на социјалните мрежи. Дури и Ким Кардашијан се разочара.

 

Актерот се збогуваше со фановите, екипата и колегите од серијата

 

Објавено:
5 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
558 пати