Фантастичен црвен килим: Холивудски гламур на „Governors Awards“

28 октомври 2019

Јубилејното, десетто издание на „Governors Awards" се одржа вчера во Лос Анџелес.

За оние што можеби првпат се среќаваат со оваа манифестација, таа е во организација на Академијата за филмски уметности и науки. Трите награди за животно дело во филмската индустрија - Почесниот Оскар, хуманитарната награда „Џин Хершолт“ и меморијалната награда „Ирвинг Г. Талберг“ се доделуваат токму на оваа церемонија. 

Првпат се одржаа во 2009 година, а пред тоа се доделуваа во текот на “Оскарите“. Сега пак, се споменуваат и се претставуваат добитниците преку веќе подготвено видео токму од „Governors Awards".

Годинава, добитници на овие специјални награди се  Џина Дејвис, режисерите Лина Вертмулер и Дејвид Линч и американскиот чироки актер, Вес Студи. Тој е првиот Чироки добитник на „Оскар“.

Покрај наградите, манифестацијата помина и во знакот на фантастични модни комбинации.

Одамна не сме виделе таков  холивудски гламур на некој настан.

Џенифер Лопез се појави во впечатлива златна креација на Рим Акра, без ракави и со широк крој, во која изгледаше гламурозно.

Меѓу највпечатливите беа и Шарлиз Терон која се одлучи за црно-бела комбинација (во која посебно здолништето е впечатливо) со потпис на Том Форд, како и Скарлет Јохансон која изгледаше прекрасно во асиметричната златно-црна креација од брендот „Селин“.

И Дакота Џонсон беше дел од оние што се најдоа на листата на најдобро облечени.

Креацијата што ја носеше беше од дизајнерот Брендон Максвел. Долгото бело здолниште и краткиот топ ја направија впечатлива на црвениот килим.

Меѓу присутните беа и Лупита Нјонго која носеше „Живанши“, Оливија Вајлд која блесна во црвен долг фустан со длабоко деколте од „Ралф Лорен“.

Срша Ронан се одлучи за необичен кариран комбинезон, креација на Емилија Викстед.

Но, тука не завршува списокот на добро облечени. Во продолжение погледнете ги останатите и кажете ни чија креација ви се допаѓа најмногу:

Лупита Нјонго во Живанши

Оливија Вајлд во Ралф Лорен

Лили Рајнхарт во Оскар де ла Рента

Флоренс Пух во Валентино

Америка Ферера во Sachin & Babi

Кики Палмер во Кристијан Сиријано

Лора Дерн во Брендон Максвел

Џина Дејвис во Ромона Кавеза

Гугу Мбата во Етро

Реџина Кинг во Ралф и Русо

Софија Лорен во Армани

Sasha Alexander wearing Vitor Zerbinato

Грета Гервиг во Лела Роуз

Констанс Ву

Рене Зeлвегер

Исабела Роселини

Мег Рајан

Авквафина во J. Mendel

 

Објавено:
28 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.901 пати