Фарел Вилијамс е модна икона на годината

19 март 2015

pwill

Веќе имавте можност на нашиот сајт да прочитате кои се номинираните за модните „оскари“ за оваа година.

Најновата информација поврзана со CFDA 2015 наградите што ќе се одржат на 1-ви јуни се однесува за категоријата Модна икона на годината.

Оваа година наградата му припаѓа на Фарел Вилијамс. Покрај тоа што е пејач, продуцент и пишувач на песни, Вилијамс се впушти и во модните води како дизајнер и постигна солиден успех.

Наградата, која се доделува во соработка со Сваровски, изминатите години ја добија Ријана, Џони Деп, Лејди Гага, Иман, Кејт Мос, Никол Кидман.

-Ако „кул“ е личност, тогаш тоа е Фарел. Не само поради неговиот изглед и чувство за стил, туку поради неговата љубезност и отвореност. Мислам дека не постои човек што не е „заведен“ од него и неговата енергија – изјави претседателката на CFDA здружението, Дијан фон Фурстенберг.

Објавено:
19 март 2015
Категорија: 
Сцена