Фарел Вилијамс на Булеварот на славните

6 декември 2014

Пејачот, текстописец, рапер, продуцент и моден дизајнер, легендарниот Фарел Вилијамс во четвртокот во градот на ангелите – Лос Анџелес, го „зацементира“ своето име на Булеварот на славните, станувајќи 2537 – мата личност која добила своја ѕвезда.

Тој оваа почит ја заслужи поради продажбата на повеќе од 100 милиони копии на носачи на звук и освоените седум Греми награди.

Во согласност со неговата стилска репутација, суперѕвездата на свечената манифестација носеше јакна во портокалово – кафени нијанси, декорирана со свеж колорит на натписи и амблеми, модел од неговата последна колекција, црвени Шанел чизми, избледени фармерки со логото на Адидас и култната шапка. Наградата му ја врачи Елен Деџенерис, која претходно одржа и свечен говор во чест на музичарот.

На свеченоста Фарел дојде со своето семејство сопругата Хелен и пет- годишниот син Рокет.

„Невозможно е постојано да бидете еуфорични, но ако сте благородни , понизни и љубезни ќе можете да ја искусите вистинската среќа. Сакам да изразам голема благодарност за големата популарност која ја доживеа мојата песна „Happy“, која всушност е заслужна за ова што ми се случува денес. Ви благодарам на сите“, изјави Фарел во официјалното соопштение за медиумите .

Објавено:
6 декември 2014
Категорија: 
Сцена