Фасцинантната колекција очила на Елтон Џон

27 март 2017

За некои музички ѕвезди, модата е само задолжителен аспект на нивниот визуелен имиџ, но за други е начин на живот. Елтон Џон апсолутно им припаѓа на вториве.

Генијалниот музичар пред неколку дена наполни 70 години. Завладеа на поп-рок сцената крајот на 60-тите години, а веќе пет декади како уште нè изненадува и со својата музика и со својот стил.

Кога сме кај неговиот стил, меѓу другото тој стана препознатлив и по секогаш ексцентричните и забавни очила.

Тоа се можеби очила кои не би ги носел секој, но затоа нема кој не би ги забележал. Во сите можни облици, стилови и големини, специјално за него очила за сонце креирале Гучи, Шанел, Марк Џејкобс...

Правиме ретроспектива низ годините на негови јавни настапи каде прво што паѓа во очи се неговите очила.

 

Објавено:
27 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
100 пати