Ако некогаш барем за момент си помисливте дека Ферги се откажа од музичката кариера, веројатно утрово се разубедивте себеси.

Таа го објави спотот за нејзината песна „Milfs“ за чии потреби ги повика најпознатите секси мајки во моментов.

Сосема очекувано, во провокативниот видео запис ќе ги видите Ким Кардашијан, Криси Тиген, Сиара, Алесандра Амбросио, Изабели Фонтана, Амбер Валета и уште многу други познати модели и секако, прекрасни мажи!

Облечени претежно во латекс, „девојките“ на Ферги пијат млеко и едноставно изгледаат секси во видеото кое за многу кратко време предизвика бројни контроверзии.

Најголемата од сите се чини дека беше поврзана за ултра тенката половина на Ким Кардашијан која беше обвинета за ужасен Фотошоп.

„Со тоа што го сменивме значењето на Milfs, (Moms I’d Like to Follow) сакавме да ги поздравиме и охрабриме жените што прават сѐ. Тие имаат кариери, семејство и сепак, наоѓаат време да се грижат за себе и да се чувствуваат секси“, изјави Ферги за песната и видеото.

Нејзините обожаватели се вистински разочарани од песната за која пак ќе кажат дека е вистинско промашување и дека сето она што таа го правеше како член на Black Eyed Peas, беше многу подобро од ова.

Во продолжение, погледнете го видеото за кое денеска сите зборуваат.

 

Објавено:
4 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.564 пати