Филмот The First Wives Club годинава ќе слави 25 години од појавувањето. Погледнете ги најубавите модни моменти

25 јануари 2021

The First Wives Club се вбројува меѓу оние неколку филмови од минатото кои, доколку ги гледате кога сте тажни, ќе ви го подобрат расположението, доколку сте среќни, дополнително ќе ве насмеат. Оваа година, филмот прославува 25 години постоење. Во 1996, Бети Мидлер, Голди Хан и Дајен Китон танцуваа победнички пеејќи ја You Don't Own Me од Lesley Gore и не' освоија со својата борба и женска еманципација.

Филмот е одличен потсетник за значењето на пријателите во животот. Не' учи дека најдобрата одмазда во животот е успехот, дека жените треба да се поддржуваат меѓусебно и дека стареењето е природен процес кој треба да се прифати грациозно.

Покрај сите овие нешта, филмот го отсликува стилот на 90-те години на минатиот век, автентичен за секоја актерка и нејзиниот лик. Па така, ликот на Дајан Китон ќе го видите во панталони, кошули, машки крој со шал и краток рамен боб. Бренда (Бети Мидлер) е приврзаник на костимчињата од палто и здолниште, додека Голди Хан и нејзината неверојатна става го сместија ликот на Елоиз во фармерки со висок струк, длабоки деколтеа, кратки фустани и крзна. 

Највпечатливиот моден момент во целиот филм е токму последнста сцена. Дамите се облечени во бело, секоја прекрасна на свој начин, а нивните комбинации тогаш се модно остварување и денес. 

Минатата година фантастичното трио најави дека ќе соработуваат заедно на ново филмско остварување. Филмот ќе го носи насловот Family Jewels, а ќе се зборува за три жени кои мораат да го поминат Божиќ заедно и со нивните деца од ист човек, кој починал таа година.

Објавено:
25 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
215 пати