Филмска мода во исчекување: Сите изгледи на Лејди Гага во House of Gucci досега

23 март 2021

Приказната за Маурицио Гучи, неговото убиство и виновната поранешна сопруга Патриција Реџани ќе биде главната приказна во најисчекуваниот филм со модна тематика во последниов период, кој го носи името House of Gucci. 

Режијата на филмот ја потпишува легендарниот Ридли Скот, во улогите на Маурицио и Патриција се јавуваат Адам Драјвер и Лејди Гага, а покрај нив во филмот играат и Ал Пачино и Џеред Лето.

Првата слика од снимањето ја објави самата пејачка

 

Една од главните причини поради која филмот е обожуван уште пред да го погледнеме е модата прикажана во него, а ја осознаваме од кадрите фатени на улиците во Рим.

Лејди Гага плени со бујна фризура од 80-те години, крзнени бунди, златен накит, парчиња со принт, тотално се' во стилот на Гучи, на раскошот и минатото, на италијанската дефиниција за стил на луксуз и сексапил

А освен фантастичната мода, филмот има и неверојатна приказна. Маурицио и Патриција се венчале во 1973, а од бракот имаат две деца Алегра и Александра. Додека биле заедно, Маурицио и Патриција биле навикнати на живот на висока нога и неконтролирано трошење, што резултирало со продажба на акциите во модната компанија.

Маурицио и Патриција со ќерките

Во 1985 Маурицио бара развод од Реџиани, а спорот е завршен во 1991 година. 5 години подоцна, Гучи е убиен од страна на платен убиец, а истрагата покажува дека убиството го организирала неговата поранешна сопруга, за што платила 365 илјади долари. Италијанските медиуми ја нарекоа Црната вдовица, а осудена е на 29 години затвор.

Патриција и Лејди Гага

Објавено:
23 март 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.229 пати