Филмско деби на Суки Ватерхаус

13 август 2014

Суки Ватерхаус има улога во филмската адаптација на бестселерот „Where Rainbows End“ на Сесилија Ахерн, заедно со Сем Клафин и Лили Колинс. Ватерхаус ја игра улогата на Бетани Вилијамс која е свршена со најдобриот пријател на Роси (Лили Колинс), Алекс за подоцна да сфати дека всушност таа е заљубена во него.

Можеби за многумина тоа значи дека ги следи стапките на своето момче Бредли Купер, но сепак Суки и претходно имала помали улоги. Односно во 2012 година имаше  улога во „Pusher “ и во тв серијата „Material Girl“.  Најново што следи по промоцијата на „Love, Rosie“ е улога во филмот „Insurgent“, каде ќе глуми заедно со Кејт Винслет и Наоми Вотс.

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Сцена