Прекрасната манекенка Ирина Шајк во моментов е на летување на Ибица заедно со нејзината мајка и ќерката Леа која ја доби од бракот со актерот Бредли Купер.

Откако се разделија, двајцата постојано се менуваат во грижата за нивната двегодишна ќерка, а по деновите поминати со татко ѝ, малата Леа замина на летување со мајка си.

На фотографиите манекенката изгледа супер згодно како и секогаш, во неонски зелени бикини и интересна мрежаста наметка.

Нејзината ќеркичка во неколку наврати можевме да ја видиме во костим за капење и фустанчиња од омилениот бренд на манекенката Барбери.

Ирина и Бредли се разделија по неколкугодишна врска од која ја добија Леа, а во едно неодамнешно интервју манекенката призна дека сѐ уште не е подготвена повторно да отпочне врска.

„Жените се тие кои можат да издржат сѐ. Жените можат да се грижат за децата, да одат на работа, да готват, да чистат, па дури и да извршуват тешки работи“, изјави неодамна манекенката во интервјуто за Харперс Базаар.

Инфо и фото: Daily Mail, TMZ

Објавено:
8 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.448 пати