Фото: Лејди Гага ужива во прегратките на новото момче!

31 јули 2019

Шест месеци откако ја раскина свршувачката со нејзиното момче Кристијан Карино, магазинот People објави фотографии на кои се гледа како Лејди Гага се бакнува со Даниел Хортон, аудио инженер од нејзината екипа.

Фотографите ги „уловија“ како страсно се бакнуваат и разменуваат нежности за време на нивниот ручек во познат ресторан во Калифорнија.

Пејачката како и секогаш изгледаше супер тренди во целосно црна секси комбинација составена од ултра куси панталони и маичка на тенки прерамки, а во комбинација во слична нијанса се појави и шармантниот Даниел.

Гостите кои се нашле во ресторанот за време на вечерата на Гага и Даниел раскажуваат за тоа колку вљубено изгледала двојката и колку уживале во меѓусебното друштво.

Со оглед на тоа што воопшто не се вознемирили кога биле фотографирани, ниту пак барале посебна маса настрана од метежот, најверојатно не им пречело да се дознае за нивната врска.

Инаку, Даниел е дел од тимот на Гага од ноември 2018 – та година од кога и работи како инженер за звук, а во негова сопственост има и компанија за аудио инженерство.

По завршувањето на бракот со Ирина Шајк, актерот Бредли Купер со кого Гага го снимаше планетарно популарниот A Star is Born, беше често поврзуван со пејачката, но се чини дека тие информации биле само шпекулации.  

Инфо и фото: People.com/THEIMAGEDIRECT.COM

Објавено:
31 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.252 пати