Фото: Натали Имбрулија роди син на 44 години!

9 октомври 2019

Прекрасната пејачка Натали Имбрулија роди син на 44 години откако пред само неколку месеци објави дека го очекува првото дете со помош на Ин витро процедура.

Шармантната 44 годишна пејачка реши да не го објавува името на донаторот на сперма, единствено обелодени дека родила здраво момче на кого му го дала името Макс Валентајн.

Под фотографијата што ја објави на Инстаграм, таа напиша:

„Добредојде Макс Валентајн Имбрулија...Моето срце ќе препукне од радост #myboy“. На фотографијата можеме да го видиме рачето на штотуку роденото бебенце облечено во блузичка со виножито додека пејачката го држи за прстот.

На раѓањето на синчето ѝ честитаа некои од нејзините познати пријатели кои не можеа да ја скријат радоста што таа конечно станала мајка, иако долго време го посакувала тоа.

„За оние кои ме знаат, знаат дека ова беше нешто што го посакував долго време. Сега сум благословена што можам да го оставарам сонот со Ин витро и донаторска сперма“, изјави пејачката во едно неодамнешно интервју кога и за прв пат објави дека е бремена на 44 години.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
9 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.386 пати