ФОТО: Новак Ѓоковиќ собира компири на село!

19 септември 2019

Дека е сосема опуштен и приземјен човек има одамна докажано, а со фотографиите што вчера осамнаа на неговиот Инстаграм профил, Новак Ѓоковиќ уште еднаш го покажа тоа.

Деновиве заедно со неговата сопруга Јелена тој престојува во село близу Копаоник, па одвоил време да ги изненади локалните мештани со кои заедно собирале компир.

“Благодарен сум за ова искуство што го доживеав тука. Луѓето од овој крај се многу пријатни, но истовреме и многу вредни и секој од нив има уникатна и интересна приказна. Срцето ми е полно што оживеав многу спомени од детството“, напиша светскиот тенисер под фотографиите.

Тој додаде и дека тука сретнал многу луѓе со кои растел и кои му помогнале да го живеат неговиот сон како професионален тенисер.

„Навистина сум полн со емоции. А меѓу другото, добив и по некој компир за трудот“, се пошегува Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Очекувано, оваа негова изненадна посета покрена лавина позитивни коментари од кои најголемиот дел беа поврзани со неговата човечност и добрите дела што ги прави преку неговата фондација.

И Јелена деновиве објавуваше фотографии од истото место што го посети заедно со Новак, на кои се гледа како ужива правејќи предмети од глина.

Инфо: Blic.rs

Фото: Novak Djokovic/Instagram

Објавено:
19 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
972 пати