ФОТО: Со настап на Каролина отворено 42 издание на „Браќа Манаки“

17 септември 2021

Најновото 42 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ започна вчера, а честа да го отвори ѝ припадна на Каролина Гочева.

Во придружба на Никола Мицевски со кои соработува години наназад, пејачката ги почести присутните со прекрасен мини-концертен настап и така го збогати годинашното издание на фестивалот.

На црвениот килим се појави во црн фустан што ја следи линијата на телото, со длабоко V-деколте и шлиц. Струкот е истакнат со вкрстени набори, а зад креацијата се потпишува дизајнерката Јована Филиповиќ.

Изгледот е надополнет со фризура со стилот на стариот холивудски гламур и црни чевли на потпетица.

Класична, гламурозна и впечатлива.

Погледнете:

 

фото: facebook.com/Manaki.Brothers.Festival;

Објавено:
17 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.011 пати