Фотографот Виктор Наумовски со свое портфолио на сајтот на Вог Италија

12 декември 2013

Иако е млад, Виктор зад себе има солидна кариера на моден фотограф, а неговите авангардни слики може да се најдат на веб сајтот на Вог Италија. Соработува со разни македонски дизајнери, а професионалноста на изработените проекти е само уште еден доказ дека младиот фотограф остава свој белег на препознатливост.

Креативноста и инвентивноста се основа за создавање на уникатен производ, а Виктор Наумовски солидно го трасира патот да стане успешен реномиран светски познат фотограф. Во продолжение погледнете ги фотографиите кои може да се најдат на сајтот на Вог Италија, а на една од нив е македонската манекенка со интернационана кариера Елена Трајановска.

Објавено:
12 декември 2013
Категорија: 
Сцена