Get the Look by ELENA LUKA: Комплет за интересна и впечатлива есен

15 октомври 2021

Ако сакате модно поинтересна и впечатлива есен, ЕЛЕНА ЛУКА има одличен предлог за вас!

Комплети со уникатен дизајнерски принт, во свежи бои кои ќе го растераат есенското сивило, се едни од највпечатливите парчиња од најновата есенска колекција на брендот. Нашиот предлог денеска е овој во минт нијанса, која што уште и оваа сезона е на листата на најактуелни тонови и трендови.

Од пријатен материјал кој ја гали кожата, комплетите се составени од панталони со широк крој и кошула/сако со ревери и ластиче во делот на половината, која ќе ја истакне половината.

Иделен е за дами со различна градба, а поради живописноста е одличен и за други годишни времиња. Ако сакате лежерна елеганција и доза на лукс изглед, тогаш не двоумете се да инвестирате во овие уникатни дизајнерски парчиња.

Можете да ги носите заедно или посебно, во комбинација со други парчиња, што е предност повеќе да го имате во вашиот гардеробер. Посетете ја онлајн продавница на ЕЛЕНА ЛУКА - elenaluka.com и одберете го вашиот фаворит.

Објавено:
15 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
401 пати