Ги цитираме...

17 декември 2013

Вообичаено крајот на годината ретроспективно не навраќа на највпечатливите моменти во текот на истата. Овојпат ги издвојуваме најинтересните  цитати на познатите кои длабоко се врежаа во 2013 година и на кои сигурно честопати ќе се повикуваме.

 

„Луксузот добро продава, но секогаш сум мислел дека е добро да се има и нешто посуштинско, а е со голема вредност“.

Жан Пол Готје

 

„Оддамна се откажав од перфекционизмот. Кога стануваш мајка, веќе се  е сеедно - домот веќе не изгледа толку средено. Разбрав дека не можам да живеам како мојот пријател Келвин Клајн. Тој живее во перфекционизам. Јас живеам во хаос“.

Вера Ванг

 

„Бизнис без визија не е бизнис, туку нешто минливо и незабележително“.

Леонард Лаудер

 

„Ја мразам носталгијата. Модата е сега! Не сакам да гледам назад. Може понекогаш историјата да ни помогне за да напредуваме, но во овој бизнис минатото не се смета. Ти си толку добар колку твојата последна колекција“.

Оскар де ла Рента

 

„Она што најмногу ми се допаѓа кога возам мотор е слободата! Кога си на отворен пат, никој не те препознава и можеш да уживаш сам со себе!“

Дејвид Бекам

 

„Ново е тоа што ќе го правиш следно, ништо друго“.

Марк Џејкобс

 

 

„Уметноста и комерцијата никогаш не ги гледаме како две спротивности, туку како две страни на истата паричка“.

Кристофер Бејли

 

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Сцена