Ги сублимираме најдобрите насловни страници за јули

10 јуни 2014

Насловните страни на светски познатите магазин и списанија се како опаковки од бонбончиња, кои со нетрпение чекаме да се појават на полиците во продавниците за да ги купиме. Креативните четива откриваат пикантерии и детали за животот на холивудските ѕвезди, раскажуваат модни приказни, наметнуваат трендови, презентираат тенденции за убавина, ги откриваат тајните состојки за среќен живот, презентираат едукативни содржини...

Доколку сè уште не знаете кое списание да го одберете, ние ги сублимираме најубавите насловни на светските списанија за месец јули. Ако во јули заминувате на одмор понесете си вас неколку списанија, па така дури се сончате на врелиот песок и пиете леден коктел, прочитајте ги интересните содржини кои ги нудат.

Како наш фаворит е јулската едиција на австралиски Vogue каде на насловна ќе ја видите преубавата Миранда Кер, која позира заедно со својот син. Навистина интересен едиторијал кој е спој од црно-бели кадри и колоритни фотографии.

Австралиската едиција на списанието Marie Claire за јули одбра насловната страна и ја посвети на најубавата жена во светот Анџелина Џоли која специјално во списанието ги открива новите промени во нејзиниот живот.

Британскиот магазин Glamour месецов  на своите фанови да им подготви дури четири насловни страни. Неодамна ова списание направи листа на најпопуларните познати личности на годината, а во групата на четворицата величествени се најдоа Никол Кидман која открива дека холивудскиот начин на живот воопшто не е по нејзина мерка, моделот Алекса Чанг која пак раскажува за своите животни пресврти, Кристен Виг зборува за пријателствата и животните искуства, а актерот  Сем Клафлин кој пошироката јавност го знае од мега серијалот Hunger Games, зборува за тоа дека славата не му значи ништо и дека сака целиот свет да знае колку е вљубен во својата сопруга.

Погледнете уште неколку насловни изданија кои се најдоа во најтесниот избор на нашата селекција и одберете го вашиот фаворит. Уживајте во долгите топли летни денови!

Објавено:
10 јуни 2014
Категорија: 
Сцена