Магазинот „Гламур“ вчеравечер ги додели своите годишни награди, а онаа за маж на годината овој пат му ја додели на Џејмс Нортон. Ова изненади многумина, но магазинот не потенцираше јасно зошто токму овој британски актер ја заслужува наградата.
Инаку, ако сте повеќе по сериите, Џејмс ќе ви биде познат од серијата „Војна и Мир“.
Во интервјуто за магазинот, по повод новата титула, тој признава дека не бил отсекогаш така згоден и дотеран.
„Поголемиот дел од моите пријатели едвај чека да истакне колку всушност не сум бил гламурозен. Не си ја миев косата речиси пет години, бидејќи се убедив себеси дека таквиот изглед е кул“, вели Џејмс.
Но, тоа е сега драстично сменето и сѐ благодарение на неговиот агент и секако девојка.
„Тие ме доведоа во ред“, признава актерот.
Инаку, меѓу наградените оваа година се и Донатела Версаче, која е моден дизајнер на годината, потоа, Џенифер Саундерс е жена на годината.
За „Гламур икона“ е прогласена Сигурни Вивер, додека „Гламур инспирација“ е Сузан Сарандон.
Целата листа на добитници ја има тука. Во галеријата погоре погледнете како изгледаа ѕвездите на црвениот килим. Она што уште на прв поглед се забележува е дека доминираат фустаните и креациите со принт, поточно флорални мотиви.