Гламур на црвениот килим во Кан
•
16 мај 2013
Погледнете што познатите дами носеа на отворањето на Канскиот филмски фестивал. Овогодинешното издание на овој угледен фестивал почна со прикажувањето на „Големиот Гетсби“ од Баз Лурман и поради тоа на црвениот килим најмногу беа присутни ѕвездите од ова филмско остварување. Кери Малиган, Леонардо Ди Каприо, Ајла Фишер и Флоренс Велч. Впечатлива беше и појавата на Никол Кидман, Фрида Пинто и Соланж Ноулс.